Повеќе од 95 отсто од гласачите гласале за отповикување на Фелдман, политичар од Социјалдемократската партија на левиот центар.
Фелдман се соочува со обвинувања за корупција и неговиот мандат бил исполнет со гафови.
Фелдман го призна поразот. „Ова значи дека во петок веќе нема да бидам градоначалник“, рече тој. Тој ден и официјално ќе биде познат конечниот резултат од гласањето.
64-годишниот политичар е под притисок веќе со месеци и против него се води случај на суд во Франкфурт поради сомневање за корупција.
Покрај тоа, тој е познат по гафови, како оној кога во историското градско собрание Ремер му го украде пехарот од Лига Европа на фудбалскиот тим на Ајнтрахт. Раководството на Ајнтрахт тогаш го прогласи за непожелна личност на својот стадион.