Лесно освојте 500 евра! Treasure hunt влезе во последната жешка фаза ↓↓
Судот за спортска арбитража во Лозана го одби приговорот на Колубара, па фудбалската Супер лига на Србија ќе започне овој викенд.
Адвокатскиот тим на Колубара поднесе жалба на одлуката на фудбалскиот сојуз на Србија за одземањето на лиценцата за Супер лига.
Колубара беа казнети поради местење на натпревари, па со одлуката од денес, овој тим повеќе нема да го гледаме во елитниот ранг на српскиот фудбал.
Супер лигата конечно започнува за викендот, а актуелниот шампион Црвена Звезда во првото коло ќе го дочека тимот на Војводина, додека вицешампионот ТСЦ ќе биде домаќин на натпреварот против Партизан.