Колку културните клубови во С.Македонија и Бугарија се злоупотребуваат за печалење на политички поени?

Политичките аналитичари се поделени околу тоа дали македонската опозиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, го користи отворањето на културни клубови во С. Македонија и Бугарија за популизам и политички маркетинг. Додека едните мислат дека одредени политички партии и центри на моќ, стојат зад отворањето на културни клубови и во Македонија (бугарски политичари), и во Благоевград, со цел печалење на политички поени, други велат дека зад клубовите во Охрид и Битола стои „бугарска стратегија“ за да остварат некакви интереси .

Оливер Ромевски

– Мицкоски ако стои зад клубовите во Битола и Охрид со цел да ја дестабилизира власта, зошто тогаш власта не застане зад клубот во Благоевград-Бугарија. Тоа е оксиморовска теза. значи во една реченица имаме две фактички спротивни тези. Зад клубовите во Охрид и Битола си стои она стандардна Бугарска стратегија, си стојат одредени поединици што сметат дека треба да се отворат тие клубови за да остварат некакви интереси, и тоа до тука е во ред. Не е во ред што власта дозволи да се отварат клубови со имиња на водачи на фашистичкото движење. Тука е грешката кај власта, не е кај Мицкоски, колку и да сакат да му го препишаат него, изјави за „Локално“, Оливер Ромевски -политички аналитичар.

Според политикологот Благојче Атанасоски одредени политички партии и центри на моќ, отворањето на културни клубови и во Македонија, и во Благоевград го злоупотребуваат за печалење на политички поени.

– За жал, одредени политички партии и центри на моќ, отворањето на културни клубови и во Македонија (бугарски политичари), и во Благоевград, наши опозициски лидери ги злоупотребуваат за печалење на политички поени, како крајна цел да дојдат на власт преку инструментализација на тензиите и ужасно нарушените односи меѓу двете земји. Оттука Мицкоски со Апасиев се натпреварува кој ќе го земе приматот на „одбрана на македонските национални интереси“ и преку појавувањето на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во соседна Бугарија. Треба само да се следи патот на парите кој ги финансира овие клубови и во Македонија и во Бугарија и ќе се види дека тие одат во насока на дополнително влошување на односите меѓу Македонија и Бугарија, односно за повторен обид за попречување на македонските евроинтеграции преку наново употребување на инструментот вето. Тоа не оди во прилог и на двете држави и општества, но многу повеќе оди на наша штета, изјави Атанасоски за „Локално“.

Исмет Рамадани

Исмет Рамадани

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека лидерот на опозициската ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со своите изјави и постапки се повеќе личи на дезориентиран лидер.

– Самиот факт што го дели политичкиот простор со Апасиев го прави девалвиран пред внатрешната и надворешната јавност. Тој мисли дека неговите популистички постапки и со играње на чувствата на граѓаните, државата нема да го започне скрининг процесот. Ако продолжи вака, тој ќе се изолира од меѓународната заедница и тоа ќе донесе проблеми на сопствената партија. Тој мора да разбере, пред да биде предоцна, дека не е време за популистички и деструктивни политики. Регресот за евроинтеграции во овие геополитички промени е опасна и одговорна работа за лидерот на опозицијата кој претендира да доаѓа на влас, изјави Рамадани за „Локално“.

„ВМРО-ДПМНЕ се директно поврзани со бугарските клубови и со Ванчо Михајлов“

Од владејачката СДСМ соопштија дека ВМРО-ДПМНЕ се директно поврзани со бугарските клубови и со Ванчо Михајлов.

– ВМРО-ДПМНЕ е директно поврзана со бугарските клубови отворени во Битола и Охрид, кои носат имиња на контроверзни и провокативни историски личности, го потврдува континуитет на опозициската партија со Ванчо Михајлов и се гордее со него. Самиот Мицкоски го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ во своето делување со Ванчо Михајлов, соработник на Третиот рајх. ВМРО-ДПМНЕ е идеолошки поклоник на луѓе што биле извршители на Третиот Рајх, го слави и велича делото и улогата на Ванчо Михајлов. ВМРО-ДПМНЕ во чест на Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави негова восочна фигура во музеј во Скопје. Припадници на ВМРО-ДПМНЕ учествуваа на отворањето на бураскиот клуб во Битола, а Мицкоски се слика со основачите на бугарскиот клуб во Охрид. ВМРО-ДПМНЕ заглавена во минатото, на граѓаните нема што да им понуди освен изолација и враќање назад, велат од СДСМ.

„СДСМ е партијата која потпиша предавнички договор со Бугарите“

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на тврдењата на СДСМ велат дека токму социалдемократите се партијата која потпиша предавнички договор со Бугарите, и се смета за побугарска и од најбугарската партија.

– СДС е партијата која потпиша предавнички договор со Бугарите, и се смета за побугарска и од најбугарската партија. Во напорот да бидат поголеми бугари од бугарите нека не заборават ова е 2022 година, и народот гледа се и добро знае и не смее да се потценува. Веќе не проаѓаат трикови со Бугарски летоци како во 90 тите, ама СДС очигледно мисли дека може да манипулира и да се глупира на јавна сценаи тоа да пројде неказнето од народот. Политиките кои донесоа понижување и негација на македонскиот идентитет, јазик и историја се последица на СДС, Заев и Ковачевски, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Д.Ј.

ПОСЛЕДНИ

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда…На почетокот на сезоната 2005/06, кога црвено-белите започнаа целосна реконструкција со нов претседател...

15-годишно девојче силувано во Делчево

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека силувал малолетничка.Во координација со Јавен...

Полицијата го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје...

Маричиќ: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по...