Актерката Ким Катрал присуствуваше на доделувањето на наградите за жена на годината во Лондон. Популарната Саманта, која публиката најмногу ја памети и ја обожава по серијата „Сексот и градот“, одби да учествува во продолжението на серијата.
Ким сега работи на други проекти, но обожавателите на шоуто не можат да ја заборават и многу често слушаме коментари дека шоуто повеќе не е исто без нејзиниот лик.
Сите ја паметиме по многу гламурозниот стил на нејзиниот лик и креациите кои тешко се забораваат. Сепак, изгледа дека приватно Ким не е толку вешта во изборот на она што би можело да ги истакне нејзините атрибути.
Таа за оваа пригода избра црн топ фустан кој има карактеристичен детаљ, а кој се однесува на ременот составен од мали парчиња од најразлични пастелни бои.
Сепак, овој фустан не е нешто што би го очекувале од популарната Саманта и не успеа да ја истакне нејзината убавина, туку напротив до израз дојдоа нејзините нозе и раце кои не изгледаат претставително.