
Ѕвездата на Јувентус, Федерико Киеза веќе неколку месеци е надвор од терените поради повреда на вкрстените лигаменти.




Меѓутоа, враќањето на терените за Киеза е блиску бидејќи целосно се рехабилитираше од операцијата на коленото.




„Газета дело Спорт“ пренесува дека Киеза започнал да тренира со остатокот од тимот и се очекува да биде спремен за дуелот со Милан во Серија А.




Дербито со Милан се игра на „Сан Сиро“ на 9-ти октомври, а доколку не се опорави до тогаш, ќе биде спремен за дуелот со Бенфика три дена подоцна.