Кејт Мидлтон и принцот Вилијам заедно со нивната ќерка Шарлот присуствуваа на Игрите на Комонвелтот, пренесува „Експрес“.

Војвотката од Кембриџ за оваа пригода избра да облече бел костум од модната куќа „Александар Меквин“, а многу модни критичари го оценија ова издание како беспрекорно.

Костимот со појас беше многу шик и елегантен и ова е истиот костум што Кејт го носеше на Јамајка на кралската турнеја.

Белиот блејзер се продава за 1.640 евра, додека панталоните се 1.066 евра.

Оваа еднобојна комбинација Кејт ја спои со интересни балетанки од модната куќа „Алиша Таупе“, кои веќе ги носеше оваа година на Вимблдон.

Чевлите чинат 230 евра, а бидејќи Кејт ги носеше на Вимблдон, брзо се распродадоа.

Кејт уште еднаш ни потврди дека костумите можат да бидат и женствени парчиња и дека понекогаш можат да изгледаат подобро од фустан.