Aнглија не успеа да победи ниту во последниот натпревар од Лигата на Нации, на „Вембли“ одиграа 3:3 против Германија.

Најкритикуван од сите по ова реми на Англичаните беше Хари Мегваер. Соиграчите застануваат во негова одбрана, како и селекторот. Во медиумите се огласи и капитенот Хари Кејн.

Според изјавата на Кејн Мегваер натпреварот го завршил повреден.

„Во таква ситуација е што после секоја индивидуална грешка ќе биде уништен. Но, ние сме тим и стоиме еден позади друг. Мегваер имаше повреда на крајот и последните пет, десет минути ги одигра скоро со една нога. Тој е одличен карактер и горд сум на него поради тоа“, изјави Кејн.

Од друга страна социјалните мрежи се преполни со видеа за сеир на дефанзивецот.

Коментари