
Доскорешниот фудбалер на Реал Мадрид, Каземиро неколку пати ги променил плановите ова лето.
Според „Атлетик“ веднаш после освојувањето на Лигата на шампиони во мај тој го информирал Реал Мадрид дека сака да ја промени средината.
Тогаш Каземиро разговарал лично со претседателот Флорентино Перез и му ја соопштил својата одлука.
Меѓутоа, после одморот на почетокот на подготовките Бразилецот соопштил дека ја променил одлуката и сака да остане во Реал.
Меѓутоа, пред самиот крај на преодниот рок се појави Манчестер Јунајтед со богата понуда, па Бразилецот одличи да се пресели на „Олд Трафорд“.
Реал не му стоеше на патот и му ја исполни желбата, па прифати да го продаде за 70 милиони евра.