Министерството за надворешни работи на Катар, кој посредуваше во преговорите помеѓу Израел и Хамас, соопшти дека прекинот на огнот ќе почне утре во седум часот по локално време, а првите заложници ќе бидат ослободени на 24 ноември во 16 часот.

Портпаролот на катарското МНР, Мајед Ал-Ансари истакна дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас ќе стапи во сила утре во седум часот, а првата група од 13 израелски заложници ќе биде ослободена утре во 16 часот.

Ал-Ансари наведе дека Доха го добила списокот со имиња на цивили кои Хамас ќе ги ослободи на првиот ден од прекинот на огнот.

Тој додаде дека кога ќе почне привременото примирје треба да почне да пристигнува помошта за Појасот Газа преку граничниот премин Рафах.

Прекинот на огнот меѓу Израел и палестинските милитанти во Појасот Гза, предводени од Хамас, се почитуваше до денеска, а официјални лица тврдат дека египетските посредници од двете страни се

И додека е пролонгирана имплементацијата на Договорот, продолжуваат борбите во Појасот Газа. Израел продолжува со нападите врз јужниот дел на Појасот Газа, а израелската армија соопшти дека во изминатите 24 часа извршила 300 воздушни напади.

– Преговорите за ослободување на нашите заложници постојано напредуваат и продолжуваат. Ослободувањето ќе почне според првичниот договор на страните и не порано од петок, изјави израелскиот советник за национална безбедност Цачи Ханегби.

Израелските власти наведоа дека прекинот на огнот би можел да трае подолго од четири дена доколку Хамас ослободува најмалку десет заложници дневно. Палестински неименуван извор изјави дека во вториот бран, до крајот на месецот, би можеле да бидат ослободени дури стотина заложници. Двете страни рекоа дека ќе продолжат со борбите откако ќе заврши прекинот на огнот.

Ова не е крај на војната. Ќе продолжиме додека не победиме, наведе началникот на Генералштабот на Израел, генерал-полковник Херзи Халеви.

Израел го зголеми степенот на борбена готовност на својата војска, а премиерот Бенјамин Нетанјаху ја скрати својата посета на Грција, откако во американски воздушен напад во Ирак утринава беш

Во меѓувреме, Хамас објави дека израелските сили ги привеле вработените во болницата Ал-Шифа, најголемата во Појасот Газа, вклучувајќи го и директорот.

Израелските безбедносни сили (ИДФ) потврдија дека го уапсиле директорот на најголемата болница во Појасот Газа поради докази за широко распространета терористичка активност во објектот. Лекарот Мухамед Абу Салмија бил однесен на испрашување.

Во болницата под негово раководство дејствуваше опширна терористичка активност на Хамас. Откако ќе утврдиме до кој степен тој бил вклучен во терористички активности, ќе одлучиме за понатамошните чекори, соопшти ИДФ.

Првото примирје во седумнеделната војна треба да овозможи ослободување на 50 жени и деца киднапирани од Хамас во нападот врз Израел на 7 октомври во замена за ослободување на 150 Палестинци од израелските затвори.

Извор: МИА