Директорите на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму не се разрешени од градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
Иако веќе помина 1 недела од разрешувањето на директорот на ЈП Комунална Хигиена-Скопје, Зуди Енузи-Кока, кадар на Беса и Алијанса, се уште воопшто не реагираа на ваквата одлука на ВМРО-ДПМНЕ, која не потпраша никого, а особено коалицискиот партнер Алијансата на Зиадин Села и Арбен Таравари на која им го разреши директорот Зуди Енузи од функцијата.
Албанското население, поточно ставовите искажани преку социјалните мрежи веќе цела недела поставуваат прашања во стилот дали Касами, Таравари и Села се толку немоќни пред ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски или можеби се работи за личен интерес кој што немаат храброст да го обелоденат пред нивното гласачко тело.
Ова навестува дека можеби Касами се надева дека на изборите за совет на општина Тетово кои се очекуваат да се одржат на 20 август годинава, ќе ја добие поддршката од ВМРО и Левица, додека Таравари со оваа ќе го врати долгот за помошта која ја доби за време на последните општински избори.
Касами претходно беше заедно на иста маса со Фатмир Лимани и Мицкоски, каде нешто се „крчкаше“ меѓу нив, додека Таравари беше против Села, со што стана дел од масата „Ново мнозинство 61“./politiko.mk/