Малите секојдневни ритуали се она кое нè придвижува во секојдневната реалност. Мало ресетирање од стресот и обврските, шанса да здивнеме и да направиме нешто за себе, церемонија резервирана само за себе.
Омилениот ритуал на сите времиња е утринското кафе. Момент кога денот сè уште не е почнат, совршената хармонија и спокојот беспрекорно дополнети со мирисот на штотуку сварено кафе. Зошто е важно да ги практикуваме овие мали секојдневни уживања? Ритуалите ни помагаат да стекнеме чувство на контрола, го подобрува фокусот, емоционалната стабилност и ни овозможуваат полесно да ги изодиме секојдневните обврски.
Токму затоа, правејќи ја листата и сонувајќи за одморот од соништата, не заборавајте на вашето мало утринско задоволство и истото понесете го со себе каде и да одите. Страстните обожувачи на домашно кафе ќе се согласат дека ниту едно кафе не е ни приближно квалитетно како шолја домашно сварено Doncafè. Шолја домашно кафе во која се крие, не само двигателот на утринската енергија, туку и целиот свет околу нас. Соништата, имагинацијата и најубавите моменти поминати во сопствениот мир. Исто како и вистинската мерка на вода, шеќер и кафе, така и балансот меѓу светот околу нас и времето само за себе мора да биде совршен.
Замислете го следново. Удобна фотелја на балконот од вашата соба со поглед кон бескрајното морско синило и ситниот песок кој блеска како ситни кристали на изгрејсонцето, зачинето со нежен ветар кој насекаде го расплинува неодоливиот мирис на свежо сварено Doncafè. Шолјата Doncafé е вистинската мерка за кафе, но и првата мерна единица за речиси сè друго што може и не може да се измери: насмевки, семејство, среќа и љубов. Што ви треба повеќе за совршен почеток на денот, освен утринската доза на оптимизам спакувана со шолја Doncafé?