По долгогодишно негирање Кајли Џенер конечно призна нешто во што фановите долго време се сомневаа.
Најмладата членка на кланот Кардашијан проговори за пластичната операција која ја направила, но не станува збор за нејзиното лице.
Во најновата епизода од реалното шоу „Кардашијанс“, 25-годишната манекенка и успешна деловна жена призна дека пред неколку години ги зголемила градите. Таа рече дека се оперирала непосредно пред да забремени со своето прво дете.
„Ги зголемив градите пред Сторми… Не мислев дека на 20 ќе имам дете. Имав убави гради. Природни. Едноставно прекрасни. Совршена големина, совршено сè,“ рече таа.
Кајли објасни зошто подоцна зажалила за пластичните операции.
„Само посакувам, никогаш да не ги зголемив. На сите што размислуваат за тоа би им препорачала да почекаат и, доколку навистина сакаат, да го сторат тоа дури откако ќе имаат деца“, призна таа.
Кајли ја роди Сторми во 2018 година, а второто дете, синот Ери, во февруари оваа година.
Во минатото, таа тврдеше дека нејзините поголеми гради се резултат на „оној период од месецот“ или ‘push-up’ градници.
Во претходната епизода од последната сезона, таа објасни како многу се шпекулира дека направила пластична операција на лицето. Тогаш призна дека ги зголемила усните, но тоа беше тоа.
Зборувајќи со својата сестра Клои, Кајли рече дека луѓето често правеле претпоставки во однос на нејзината самодоверба, кои едноставно не се точни.
„Се сеќавам дека бев најсигурното дете во просторијата. Секогаш се сакав себеси. Сè уште се сакам себеси и една од најголемите заблуди за мене е дека сум бил несигурно дете и дека сум правела многу операции за да го сменам целото лице, што е лага, ставам само филери.“
Во текот на истата епизода, таа сподели како сестрите секогаш ја задеваат за нејзините уши.
Кајли рече дека шегите и коментарите на нејзините сестри направиле да се чувствува толу непријатно што цели пет години и, на ниту еден црвен тепих, не ја носела косата собрана во пунџа.
„Потоа ја добив Сторми, а таа ги има моите уши, и сфатив колку ги сакам и мислам дека ќерка ми е најубавото нешто досега. Сега носам подигната коса на секој настан на црвен тепих,” откри таа.