Ивановска: Нема основа за постапка против Ковачевски за случајот „Броило“

Нема основа за отворање на случај против премиерот Димитар Ковачевски за случајот „Броило“, порача претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска, откако такво нешто побара ВМРО-ДПМНЕ.

„Функционер кога стапува на функција, согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси, треба да го довери управувањето на фирма на друго лице кое не е член на неговото семејство. Во случајов, тој не е ниту сопственик, ниту управител“, вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Опозициската партија побара од ДКСК да отвори предмет со кој ќе истражи дали премиерот Димитар Ковачевски е вмешан во криминал вреден 26 милиони евра во врска со бизнис за производство на струја.

Од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција на почетокот на месецов, изнесоа тврдења „дека фирми основани од премиерот Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов злоупотребувале државни тендери вредни 26 милиони евра“.

ПОСЛЕДНИ

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда…На почетокот на сезоната 2005/06, кога црвено-белите започнаа целосна реконструкција со нов претседател...

15-годишно девојче силувано во Делчево

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека силувал малолетничка.Во координација со Јавен...

Полицијата го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје...

Маричиќ: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по...