Италијанската енергетска компанија „Ени“ денеска соопшти дека нема да го добие бараниот гас од рускиот гигант „Гаспром“.
Во соопштението се наведува дека испораките на руски гас преку влезната станица „Тарвицио“ денеска ќе бидат празни откако „Гаспром“ објави дека е невозможно да се испорачува гас преку Австрија.
Во соопштението се додава дека ќе биде објавено доколку се обнови снабдувањето со гас.