На актуелниот кинески престедател Кси Џинпинг му беше потврден трет мандат како генерален секретар на Кинеската Комунистичка партија , отстранувајќи ги традиционалните ограничувања пропишани за на возраста и мандатот.

Новиот Централен комитет на партијата на првата пленарна седница очекувано , но речиси никогаш порано, го изгласа 69-годишниот Кси да остане на челната позиција уште петгодишен мандат.

Еден ден претходно, Националниот конгрес на Комунистичката партија на Кина, кој се одржува на секои пет години, го измени уставот на партијата за подлабоко да ја одрази идеологијата на Кси и да ја потврди неговата лидерска улога.

конгрес на кинеската комунистичка партија EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Политичкото биро, органот за одлучување на Кинеската Комунистичка партија, за прв пат по 25 години, во својот состав нема жени во своето раководство

Сун Чунлан, единствената жена која беше дел од оваа група од 25 луѓе, се пензионираше и не беше реизбран ниту еден нов член на нејзиното место, па новото Политичко биро овојпат броеше 24 члена.

Во саботата имаше само 11 жени на претставувањето на новиот состав на Централниот комитет, еден вид партиски парламент со 205 членови.

„Жените сè уште се сериозно недоволно застапени на врвот на кинеската политика“, забележува специјализираниот билтен Neican China . Процентот на жени во новиот Централен комитет е намален, од 5,4 проценти на 4,9 проценти.

„Жените претставуваат 48,8 отсто од кинеското население и 29,4 отсто од членовите на Комунистичката партија“, се истакнува во публикацијата.

си џипинг реизбран EPA-EFE/MARK R. CRISTINO EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Кси Џинпинг промовираше некои од неговите најблиски сојузници од Комунистичката партија, зацврстувајќи ја својата позиција како најмоќен лидер на нацијата по Мао Це Тунг.

Поранешниот шеф на партијата во Шангај, Ли Кианг, доверлив човек на Кси, е унапреден во број два по влијание во партијата , и најверојатно ќе биде именуван за премиер следниот март.

конгрес кинеска комунистичка партија EPA-EFE/WU HAO

Откако стана лидер на земјата пред една деценија, Кси постигна концентрација на моќ што не може да се спореди со ниеден модерен кинески владетел освен Мао.

Тој ја укина границата од два претседателски мандати во 2018 година, отворајќи си го патот да владее на неодредено време.

си џипинг реизбран EPA-EFE

Кси претседаваше со подемот на Кина како втора по големина економија во светот, со масивна воена експанзија и со многу поагресивен глобален став што наиде на силно противење од Соединетите Држави.

И покрај практично неконтролираната моќ, Кси се соочува со огромни предизвици во следните пет години, вклучително и управување со економијата зафатена од долгови на нацијата и растечкото ривалство во САД.

„Сакам искрено да и се заблагодарам на целата партија за довербата што ни ја дадовте“, им рече Кси на новинарите во Големата сала на народот во Пекинг по објавувањето на резултатите од гласањето зад затворени врати.

Тој вети дека „преку макотрпна работа во извршувањето на работните задачи ќе докаже дека е достоен за големата доверба на партијата и , како што нагласи , кинескиот народ“.

си џипинг реизбран EPA-EFE/

Кси беше повторно назначен и за шеф на Централната воена комисија на Кина.

Сега се очекува неговиот трет мандат како кинески претседател, кој официјално треба да биде објавен во март следната година.

Неговото устоличување уследи по еднонеделниот конгрес од 2.300 избрани партиски делегати за време на кој тие ја поддржаа „главната позиција“ на Кси во лидерството и одобрија голем ремонт во кој поранешните политички ривали се повлекоа.

Во неочекуван потег што ги прекина постапките на саботната церемонија на затворање на Конгресот, поранешниот лидер Ху Џинтао беше изнесен од салата.

Си Џипинг и Ху Џинтао EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

79-годишниот Ху Џинтао одбиваше да го напушти првиот ред каде што седеше до Кси.

Државните медиуми објавија дека Ху инсистирал да присуствува на седницата и покрај тоа што не се чувствувал добро.

„Со оглед на тоа што не се чувствуваше добро за време на седницата, неговиот персонал го придружуваше во просторија до собирното место за одмор, заради неговото здравје. Сега е многу подобар“, објави Ксинхуа на Твитер, платформа која е блокирана во Кина.