На венчавката на Бритни Спирс која беше одржана вчера, Бритни и Мадона го повторија нивниот популарен бакнеж кој го разменија на сцена на свеченоста на доделувањето на „MTV“ наградите во далечната 2003 година.

Бритни и Мадона тогаш, пред речиси една деценија, заедно со Кристина Агилера го изведоа хитот на Мадона – „Like a virgin“.

Во текот на изведбата која публиката ја следеше, а и тогашното момче на Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк, како и тогашниот сопруг на Мадона – Гај Ричи, Мадона, Бритни и Кристина ги бакна во уста.

Сега Мадона на социјалната мрежа Инстаграм повторно објави фотографија на која таа и Бритни се бакнуваат во уста, но овојпат на прославата на венчавката на поп-принцезата.

Бритни Спирс се венча за Сем Асгари којшто е фитнес-тренер и модел, во својот дом во Лос Анџелес.

„Бритни, изгледаш толку среќно и заљубено. Ви посакувам тебе и Сем сè најдобро“, напишала Мадона.