Во недела ќе се испише историја во Серија A – за првпат жена ќе дели правда како главен судија.

Честа да биде првата жена која ќе ја дели правдата во најсилната италијанска конкуренција и припадна на Марија Соле Фереира Капути. Таа ќе го суди натпреварот помеѓу Сасуоло и Салернитана.

Фереира Капути досега судеше на натпревари од понизок ранг и Серија Б, како и натпревари од младинските екипи. За неа ова ќе биде прв поголем предизвик во кариерата.

Коментари