Home Македонија Исплатата на јулските пензии ќе почне на 27 јули, ќе заврши на...

Исплатата на јулските пензии ќе почне на 27 јули, ќе заврши на 1 август

151
0

Исплатата на јулските пензии ќе почне во среда (27 јули) и ќе се врши етапно, пракса што беше воведена на почетокот на пандемијата на ковид-19. Ова е само една од одлуките од денешната 63-та седницата на владата која го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 јули, а веќе од наредниот ден пензионерите да можат да располагаат со средствата преку мрежата на банкомати и трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (четири денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27 јули (среда);
  •  За пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28 јули (четврток);
  • За пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари, исплатата да се изврши на 29 јули (петок)
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01 август (понеделник).