Иран: Бајден се меша во нашите внатрешни работи

Поддршката што американскиот претседател Џозеф Бајден им ја даде на иранските демонстранти, официјален Техеран ја нарече мешање во внатрешните работи на Иран, објави денеска Иранската студентска новинска агенција (ИСНА).

Коментирајќи ги демонстрациите во Иран, кои избувнаа по смртта на Махса Амини во притвор на 16 септември, Бајден рече дека е изненаден од храброста на иранскиот народ кој излезе на улиците да протестира, пренесува „Ројтерс“.

„Во саботата Бајден се вмеша во внатрешните работи на Иран поддржувајќи ги немирите. Претходните денови американската администрација очајно се обидуваше да ги запали протестите во Иран, под различни изговори“ – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канани.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...