Поминато е веќе половина од годината, од добивање на должноста Градоначалник на општина Пласница, мојата одговорност како градоначалник е се што имам ветено и да го реализираме и нашата општина да ја направиме како подобро место на живеење, заедно со општинската администрација работиме и се бориме што повеќе да реализираме проекти. Обезбедивме контејнери за собирање и селектирање на отпад во општина Пласница  59 големи пластични контејнери од 1100 л. и 258 пластични контејнери од 120 л. наменети за домаќинствата и правните лица, а дел  поставени се на  јавните површини во сите населени места на Општина Пласница, вака изјави градоначалникот на општина Пласница г-дин Алија Јаоски во едно ексклузивно интервју за деск.мк во врска со пројектите што ги има реализирано за овие месеци.

Desk.mk: Помина повеќе од 6 месеци од кога добивте мандат за да ја водите општина Пласница, може да ни кажете што е работено од тоа што е ветено во вашата предизборна програма?

Поминато е веќе половина од годината, од добивање на должноста Градоначалник на општина Пласница, мојата одговорност како градоначалник е се што имам ветено и да го реализираме и нашата општина да ја направиме како подобро место на живеење, заедно со општинската администрација работиме и се бориме што повеќе да реализираме проекти.

Изминатите шест месеци реализиравме доста проекти.  Реализиран е патот од  кај школото во с.Пласница до  гробиштата.

Реализација и поплочување на улици во с. Пласница кои се од големо значење, некои од улиците воопшто не беа проодни,поврзуваат улици и олеснет е пристапот до домаќинства какои побезбеден е собраќајот во општината.

Завршени улици во с.Лисичани  кои беа ветени.

Завршен е изградбата на пречистителна станица во с.Пласница и спремна за употреба.

Обезбедивме контејнери за собирање и селектирање на отпад во општина Пласница  59 големи пластични контејнери од 1100 л. и 258 пластични контејнери од 120 л. наменети за домаќинствата и правните лица, а дел  поставени се на  јавните површини во сите населени места на Општина Пласница.

Потпишан меморандум за соработка со Рурална Коалиција   во насока на унапредување на локалниот и рурален развој и унапредување на квалитетот на живот на локалното население.

Расчистување на депониите кои ја загрозуваат животната средина.

Обезбедивме нов Багер со приклучни машини за чистење на речното корито на реки и за чистење на наноси од снег во општина Пласница.

 

Desk.mk: Колку сте вие задоволни од тоа што е сработено?

Пред се сработените дела зборуваат, а јас секако дека сум задоволен во овие шест месеци од моето залагање и борење за што повеќе да реализирам проекти.

Desk.mk: Дали има направено некоја анкета колку граѓаните во вашата општина се задоволни од работата на градоначалникот?

Немам наравено анкета, меѓутоа за сите реализирани проекти и активности кои ги спроведуваме се објавува на социјалните мрежи, а со тоа се следат и реакциите и задоволставта  на граѓаните, кои се на високо ниво.

 

Desk.mk: Ветивте реконструкција на улици, канализација и нешто друго, дали има капацитет општина Пласница сама да ги реализира истите?

Да ветив реконструкција на улици, канализација која е во тек на тендерирање а ветените рекнструкции на улици во општина Пласница за овие 6 месеци успешно се реализирани. Истите соодржуват големи износи  користевме сретсва од владата, од Светска и Европска Банка (тоа значи брзо и ефикасно да располагаш со администрацијата), како мала општина со мали приходи  нема капацитет сама да ги реализирани истите.

 

Desk.mk: Колку вие како општина имате поддршка од Владата за реализација на програмата?

Искрено кажано, имаме голема поддршка од Владата, но за истото и работиме ефикасно и навремено.

Desk.mk: Кои работи/пројекти се во тек ова сезона, дали можеме да ги наброиме неколку?

Во овие 6 месеци постигнато  е да се проектират  и аплицират нови инфраструктурни градби, улици и краци. Некои од тие се;

Нови улици и краци во сите населени места.

Реконструкција, рехабилитација и осветлување на Станбената Улица (СТ2) во н.м Пласница.

Фекалната канализација со пречистителна станица во н.м Пласница.

Реконструкција на кров во О.У  ‘’Јонус Емре” , с.Лисичани.

Проектирање на  Инфраструктурна градба  за  Блоковите (блок 26-блок 30) според  Деталниот  План во н.м Лисичани, донесен во 2021 година.

 

Desk.mk: До крајот на годината, какви пројекти имате во план да ги завршите?

Секако дека незапираме тука, до крајот на 2022 година,  дел од гореспоменатите проекти планираме да ги завршиме целосно и да поченеме со реализирање на нови инфраструктурни проекти, до овој момент сме во исчекување на резулатити од аплицирани проекти, за кои истите доколку бидат одбрени планираме да бидат и завршени до кајот на оваа година.

 

Desk.mk: Дали има долг општината и како планирате да го менаџирате истиот?

Со гордост кажано, нашата општина нема заостанати долгови. Тековните обврски навремено се сервисират.

Desk.mk: Дали сите населени места на општина Пласница имаат нови училишта, или училници со добри услови за учениците?

Нема потреба за изградба на нови училишта, бидејќи сите училници имаат капацитет и добри услови за учениците. Навремено се подобрува  енергетската ефикасност во сите градби, со истата цел, ова сезона ќе се рекнструира  кровот во О.О.У.” Јонус Емре” која е подршжана од Центарот за Развој на Југозападен Регион.

 

Desk.mk:Дали сите населени места имаат канализација? Ако не, како е планирано да се менаџира овој проблем?

Главните артерии од н.м Преглово и н.м Лисичани имаат канализација.

Во н.м Пласница, проектираната  фекална  канализација со пречистителна станица е во фаза на тендерирање, подржана од М.Т.В со фондови од Светска Банка.  За останат крак од ова население се користат срества од Програмата за инвестиции во МЖСПП.

За тоа што се збпрува за големи износи, проектирани според европските стандарти, на истиот начин ке се  дополнат останатите краци во н.м Преглово и н.м Лисичани.

 

Desk.mk: Пошто општината се наоѓа во едно од најубавите места на државата, колку вие планирате да го зголемите потенциалот за туристичка дестинација?

Точно е дека општината Пласница се наоѓа во еден од најубавите делови на нашата Држава, од аспект на природа и природни убавини.

Меѓутоа ние како најмала општина и финанциски најслаба за жал немаме можност и фининциски средства  да инвестираме на развој на туризмот. Во иднина доколку имаме можност би обрнале внимание во овој дел, имено се се потребни големи напори и сретства затоа што би почнале од нула, бидејќи туризмот не е воопшто развиен а има потенцијал.

 

Има можност особено за планински туризам и селски туризам. Имаме извори со вода за пиење, посебно изворот Питран од кој моментално се врши експлоатација и се флашира вода за пиење. Имаме добар и квалитетен мермер кој исто така се експлоатира. Располагаме со големо зеленило, шуми итн, а и низ нашата општина поминува реката Треска која е една од поголемите реки во нашата држава.