Италијанскиот гигант Интер го објави финансискиот извештај за минатата сезона, која ја заврши со големи финансиски загуби.

Минатата година Интер објави рекордни загуби од 245 милиони евра, а сезоната 2021/22 ја заврши со загуба од 140 милиони евра.

Податоците покажуваат дека италијанскиот клуб во сезоната 2021/22 забележал раст на приходите на 439.6 милиони евра, 75 милиони повеќе во однос на сезоната 2020/21.

„Двете главни цели на клубот остануваат непоколебливи: да се одржи екипата конкурентна на највисоко ниво во сите натпреварувања и да ја зајакне својата финансиска позиција“, соопшти Интер.

Пред неколку дена Јувентус пак објави рекордна финансиска загуба од 254.3 милиони евра.

Коментари