Семејството Жанг почнало постапка за барање на купувач на италијанскиот гигант Интер, пренесува „Finansial Times“.

Кинеските сопственици се надеваат дека во скоро време ќе најдат купувач за клубот, кој е во тешка финансиска ситуација во последните две години.

Според информациите семејството Жанг продажбата на клубот ја доверила на американската банка „Голдман Сакс“, која беше посредник и при продажбата на Челзи ова лето.

Сопствениците поставиле цена од 1,2 милијарди евра, а медиумите тврдат дека има три потенцијални купувачи. Милјардер од САД, Инвестициски фонд од Обединетите арапски емирати и Ернесто Бартарели, кој е најбогат човек во Швајцарија.