Попладнево е прекината наставата во повеќе скопски гимназии. Нови дојави за бомби пристигнале во „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“… Учениците и наставниците кои ја доставија информацијата до редакцијата на Фактор велат дека веќе се безбедно евакуирани и дека пристигнале екипите на МВР кои прават детална проверка во објектите.
-Крајно време е на оваков терор да се стави точка. Денеска се прават тестови по повеќе предмети, а наставата е прекината. Губењето од образовниот процес носи најголема штета на учениците, револтирано велат родителите, чии деца веќе се вратиле дома.