„Имајте на ум дека Твитер ќе прави многу глупави работи во наредните месеци. Ќе го задржиме она што функционира и ќе го промениме она што не функционира.

Ова на оваа социјална мрежа го напиша новиот шеф на Твитер, Илон Маск.

Се верува дека неговиот коментар дошол по тестирањето на новиот систем за верификација.

Имено, покрај сината ознака за проверка (која отсега ќе се наплаќа 8 долари), некои твитерџии вчера добија уште една, сива ознака за проверка.

Меѓутоа, Маск утрово се „разбудил“ и во одговор на еден од корисниците само кратко напишал: „Ова го откажав“.

Ненадејното укинување на воведените новости на Твитер дополнително ќе привлече внимание во јавноста на плановите на Маск, седум денови откако што отпуштил илјада работници во оваа компанија.

 

Тоа довело до голем пад на приходите од огласувањата поради тоа што компаниите се грижат за насоката по која се движи оваа страница.