Илон Маск го претстави четботот Grok, ривал на ChatGPT

Компанијата xAI, која е најноваата креација на Илон Маск, го лансираше својот прв четбот наречен Grok. Прототипот е во првата фаза од двомесечна обука и е достапен само за избрана група морисници, пред да стане достапен за пошироката јавност.

Со овој четбот Маск е директна конкуренција на OpenAI, Inflection, Anthropic и другите компании. Маск го објави креирањето на xAI во јули годинава и истакна дека целта на компанијата ќе биде да ја разбере витинската природа на универзумот.

Како што велат од компанијата, Groк е инспириран од научно фантастичниот филм „The Hitchhiker’s Guide to the Galaxy.” Четботот треба да биде вицкаст, досетлив, бунтовен и треба да одговара на прашања кои другите четботи ги избегнуваат.

Пред официјално да го претстави четботот Маск на Twitter објави кратко видео од четботот во акција. Имено, четботот одговара саркастично на прашањето како може да се направи кокаин дома. Четботот вели „Се разбира. Почекајте малку додека да го побарам рецептот за правење кокаин дома. Демек, сигурно ќе ви помогнам во тоа“.

Grok има пристап и до податоци од компанијата X, кои како што велат од xAI, ќе му дадат дополнителна конкурентска предност. Маск објави и споредба на одговор на Grok и на друг четбот, кој има пристап до помалку информации.

Сепак, од компанијата потенцираат дека како и со секој Large Language Model или LLM, Grok може да даде и погрешен или контрадикторен одговор, особено затоа што прототипот е во раната бета фаза.

xAI беше лансирана во јули и е составена од тим од поранешни вработени во OpenAI, DeepMind итн.

(CNBC)

(фото: xAI)

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...