
Фановите на Манчестер Јунајтед веќе подолго време сакаат промена на газдите, дури и се протестираше против семејството Глејзер.




Нови протести се најавуваат и после очајниот старт на сезоната. Сега внимание привлече твитот на милијардерот Илон Маск. На својот твитер профил Маск се надоврза на друг твит и додаде: Исто така го купувам Манчестер Јунајтед“.




Многу брзо твитот собра повеќе од 400.000 лајка што е показател за големата возбуденост кај навивачите на „црвените ѓаволи“.




Сигурно дека Маск има финансиска моќ да го купи англискиот гигант, а дали е сериозен останува да видиме.
Also, I’m buying Manchester United ur welcome
— Elon Musk (@elonmusk) August 17, 2022