Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими денеска им се придружи на демонстрантите пред канцелариите на ЕВН во Скопје, јавува ТВ21.
Ибрахими вели дека е неприфатливо жителите два дена да останат без струја. Тој апелираше компанијата да ги исполни обврските кон граѓаните и што поскоро да го санира проблемот.
„Неприфатливо е сите овие граѓани на овој ден да се соочат со голема неправда. Континуирано ја следиме состојбата, не знам чија е целта, кому му одговара ситуацијата да ескалира, неприфатливо е нехуманото однесување на компанијата ЕВН. Обврска на компанијата ЕВН е да преземе итни мерки, да воспостави ред и како и во сите други општини, само тоа го бараме, ништо повеќе“, рече меѓу другото Ибрахими.