Сончево претпладне оваа среда, но пороен дожд и грмежи попладне.
Ова е најавата на УХМР за денес која прогнозира максимална дневна температура до 30 степени.
Слично време се очекува и во Скопје, нестабилно ќе биде во доцните вечерни часови со поројни дождови и грмежи.
Максималната дневна температура ќе достигне 28 степени.
Вакво време ќе имаме и утре, но и за време на викендот, соопштија од УХМР.