Сепак, како платежни средства паралелно ќе бидат дозволени и еврото и куната во период од две недели по воведувањето на еврото, односно во првите две недели од јануари 2023 година.

По 28 години, на првиот ден од Новата година, хрватската куна ќе замине во историјата ќе биде заменета со еврото, објави Европската централна банка. Поради воведувањето на еврото од 1 јануари, во земјата ќе бидат уништени повеќе од 500 милиони банкноти и околу 5 200 тони монети.

Во објавата на ЕЦБ се наведува дека цените за стоките и услугите во земјата ќе бидат наведени и во евра и во куни до 31 декември 2023 година, а девизниот курс мора да биде прикажан на јасен и видлив начин кога се прикажуваат цените. Плаќањето до полноќ на последниот ден од годинава е исклучиво во куни, а од 1 јануари официјална валута станува еврото.

Сепак, како платежни средства паралелно ќе бидат дозволени и еврото и куната во период од две недели по воведувањето на еврото, односно во првите две недели од јануари 2023 година.

До 31 декември 2023 година, банкнотите и монетите куни може да се заменуваат за банкноти и монети од евро само во пошти, деловни банки и Финансиска агенција. Тие ќе може да се заменат бесплатно до крајот на годинава за најмногу банкноти од 100 куни и монети од 100 куни по трансакција. За размена на поголем број банкноти или монети, може да биде наплатена провизија од страна на комерцијалните банки.

„Од јануари 2024 година, хрватската национална централна банка ќе ги преземе услугите за размена на банкноти од куни без временско ограничување и ќе разменува монети до 31 декември 2025 година. Оваа услуга е бесплатна“,

се наведува во објавата на Европската централна банка (ЕЦБ).Според главниот економист на Хрватската стопанска комора Горан Шаравања, транзицијата на Хрватска кон еврото како нејзина официјална валута се случува во идеално време.

„Кога ќе го земете предвид контекстот, всушност е идеално време за преминување на еврото. Кога ќе погледнете, ќе видите колку е стабилна куната откако ја добивме одлуката да влеземе во еврозоната. Во овој момент се исплати да се префрлиме на еврото, особено кога ги гледаме Унгарија, Чешка и Полска, па и Србија, сите централни банки мораа да ги зголемат каматните стапки“,изјави Шаравања.

Хрватска како земја-членка ќе има пристап до сите инструменти на Европската централна банка, што, според Шаравања, е поттик за извозниците, а освен тоа, со прифаќање на еврото и влез во Шенген зоната, исто така, од 1 јануари Хрватска влегува во институционалното јадро.