Според минатогодишниот попис, Хрватска има 3.871.833 жители. Во однос на пописот од 2011, бројот на жители се намалил за 413.056 лица, или 9,6 отсто.
Ако се погледнат податоците од 1991, односно од почетокот на хрватската независност, трендот е уште поизразен. За триесет години падот е константен, а Хрватска изгубила точно 912.432 жители, што е повеќе од целото население на Загреб.
Од друга страна, Словенија бележи пораст на бројот на жители. Пред десет години имало 2.050.189 Словенци, додека сега ги има 2.108.977, што е раст од речиси 58 илјади луѓе, односно 2,1 отсто.