Хрватска ја победи Македонија со 3-0 во Ријека. За „коцкестите“ ова е највисока победа во меѓусебните пресмети.
Ова беше прв од двата пријателски натпревари за Македонија во јунскиот прозорец, сега ни следи Чешка исто така на гости, на 10 јуни.Ловро Мајер беше човек на натпреварот. Тој постигна два гола и го донесе триумфот за Хрватска. Во десеттата минута Ловро Мајер одлично изведе слободен удар од 25 метри и ја погоди мрежата на Столе Димитриевски.
Стадион “Рујевица“ во Ријека. Стрелци: Мајер 10., 45., Пашалиќ (ХРВ). Ж. Картони:ХРВАТСКА: Ливаковиќ, Јурановиќ, Ерлиќ (67.Понграчиќ), Вида, Соса, Ковачиќ (45. Сучиќ), Мајер, Крамариќ (55. Иванушец), Батурина (67.Пашалиќ), Перишиќ (59. Пјаца), Петковиќ (59. Будимир).
Селектор. Златко Далиќ.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Зајков, Муслиу, Велковски (72.Димоски), Ашковски (56. Митровски), Алими, Атанасов (56. Костадинов), Елмас, Алиоски, Трајковски (66. Чурлинов), Миовски (66. Ристовски)