Лесно освојте 500 евра! Treasure hunt влезе во последната жешка фаза ↓↓


Реал Бетис потпиша едногодишен договор со поранешниот шпански репрезентативец, Иско, како слободен играч.

31 годишниот Иско со својот претходен клуб, Севиља, договорот го раскина само после четири месеци откако се придружи на тимот, а тогашниот тренер Сампаоли рече дека поранешниот играч на Реал Мадрид не ги исполни неговите очекувања.

Искусниот везен играч, не играше скоро пола година, а во зимата пропадна трансферот со Унион Берлин, па сега се одлучи на храбар чекор и трансфер во Бетис. Познато е дека ривалството помеѓу Севиља и Бетис е најжешко, па сигурно нема да му биде пријатно на тоа дерби.

Иско пред Севиља играше за Валенсија, Малага и Реал Мадрид. Во Реал беше од 2013 година до 2022 година и освои се што може да се освои.

Репрезентативецот на Шпанија, во 38 наврати постигна 12 гола за националниот тим.