На вториот ден од Школата за млади лидери „ Peace Forum Dialogue“ свое предавње одржа заменик-директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Џелал Хоџиќ на тема „ Интеграциски процеси“.

Хоџиќ истакна дека Охридскиот рамковен договор целосно ја промени нашата држава.

Според Хоџиќ развојот на општеството зависи од интегрираноста на заедниците во него, дека различностите се наше богаство, а наша цел е градење општество на еднакви шанси.

Според него, со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор била сменета Преамбулата со која во минатото биле дискриминирани другите етнички заедници.

Според Хоџиќ, Охридскиот рамковен договор е поуспешен и од Дејтонскиот мировен договор, без Охридскиот договор ќе бевме блокирани, истакна тој.

„Пред потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Република Северна Македонија ги дискриминираше другите етнички заедници, по потпишувањето на Охридскиот договор беше сменета Преамбулата, сега дискриминацијата престана и е многу подобро“, изјави Хоџиќ пред повеќе од 60 учесници на Школата за млади лидери организирана од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците по повод одбележувањето на 21-годишнината од Охридскиот рамковен договор.