Џелал Хоџиќ – претседател на СДА ( Странка на демократска акција на Македонија) во разговор за indeks.mk по повод 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, нагласува дека овој датум е многу важен за целата босанска заедница.
„28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците е многу важен за Бошњаците во Република Северна Македонија, но и за Бошњаците ширум светот. На 28 септември 1993 година во опколеното, Сараево се одржа Босанскиот конгрес на кој беа донесени две важни одлуки, а овој ден го симболизира враќањето на националното име на Босна и Херцеговина и враќањето на босанскиот јазик“, нагласува Хоџиќ.
Според него, Бошњаците во Република Северна Македонија ја делат иднината со сите други заедници во земјата.
„Бошњаците во Република Северна Македонија ја делат иднината со сите заедници во земјата. Според Уставот, босанската заедница е застапена и 28 септември е Меѓународниот ден на Бошњаците како државен празник. На политичко ниво, Бошњаците имаат две политички партии, јас сум претседател на партијата СДА, која функционира веќе 31 година“, вели претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ.
Понатаму, зборувајќи за Босна и Херцеговина, Џелал Хоџиќ вели дека таа има многу тежок политички систем, но стратешки цели се членството во НАТО и ЕУ.
„БиХ помина низ многу тежок пат, прогласи независност од распадот на поранешна Југославија, имаше агресија и во моментов има многу тежок политички систем преку Дејтонскиот мировен договор. Стратешките цели на БиХ се членство во НАТО и ЕУ“, вели Џелал Хоџиќ.