Хипокризијата на ВМРО-ДПМНЕ!

-Единствена партија во Македонија која во три децениското делување ја поврзувале или ја нарекувале про-бугарска, е токму ВМРО-ДПМНЕ. Тие удрија и по Блаже Конески,  бидејќи македонскиот јазик и писмо ги одалечил од бугарскиот јазик и азбука!

Скопје, 31 октомври – СДСМ „распали“ по ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи ја дека „е директно поврзана со бугарските клубови отворени во Битола и Охрид, а кои носат имиња на контроверзни и провокативни историски личности“.

Самиот Мицкоски го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ во своето делување со Ванчо Михајлов, соработник на Третиот рајх, обвинија од СДСМ. Понатака, партијата на власта обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ е идеолошки поклоник на луѓе што биле извршители на Третиот Рајх, го слави и велича делото и улогата на Ванчо Михајлов. Притоа, потсетија дека ВМРО-ДПМНЕ во чест на Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави негова восочна фигура во музеј во Скопје, дека припадници на ВМРО-ДПМНЕ учествуваа на отворањето на бугаскиот клуб во Битола, а Мицкоски се слика со основачите на бугарскиот клуб во Охрид.

Секој би рекол дека во жарот на беспоштедната политичката борба, една партија си дозволува за право да измислува за своите опоненти. Но дали е така?

Тоа што Мицковски беше на отворањето на клубот во Благоевград изгледа како патриотски чин, во заштита на македонштината, но горе кажаното на СДСМ, кое е лесно „проверливо“, ја разоткрива сета дволична политика кон националната кауза. Восочнта фигура на Ванчо Михајлов е официјлано поставена во Музејот на националната борба токму од владата на ВМРО, со чудно образложение дека тој бил дел од историјата. Да, во право се, но каков дел? Секако, мрачен дел од кои македонскиот народ испатил од братоубиствената борба што ја водел тој преку ВМРО, чија цел била припојување на Македонија кон Бугарија.

Грижата за Македонците надвор од земјата,  како што е овој чин на учество при отворањето на македоснкиот клуб „Никола Вапцаров“, стана некаков заштитен знак на божемна грижа за македонското малцинство во други држави или македонските иселеници во прекуокенаските земји, но токму тие релации, ако се погледнат, се доста контраверзни. Многу наши дипломати кои ги следат дел од овие организации, во нивните извештаи, скренувале внимание за нивната пробугарска ориентација. Разни досија и документи во Државниот архив, особено од нивниот печат, ќе ви даде јасна слика за каква ориентација станува збор, дали ја штителе македонската кауза, или некоја друга. И тоа е лесно проверливо, само што ВМРО многу лесно знае да манипулира со факти.

На крај на краиштата, непобитен е фактот  дека токму ВМРО-ДПМНЕ, или нејзини високи претставници, удриле по темелите и на македонскиот јазик, за кој денеска толку им е грижа: дека македонскиот јазик е творба на „џуџето од Небрегово“ (Блаже Конески), кој неприродно го оддалечил македонскиот јазик и азбука од бугарскиот јазик и бугарската азбука. Може да се расправа и од научен или историски аспект околу оваа прашање, но кога некои други се залагаат за расветлување на минатото, дури и во овој контекст за кои ВМРО имало или има поинакви ставови, тие пред јавноста се прикажуваат со сосема друго лице.

На крај на краиштата, единствена партија во Македонија кои во три децениското делување ја поврзувале или ја нарекувале про-бугарска, е токму ВМРО-ДПМНЕ.

Народот не попусто вели каде има чад, има и оган.

Уште кога народот подобро би ја сфатил дволичноста со која ВМРО создава магла и „купува“ симпатии од гласачите!

(Коментар на порталот: декс.мк)

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...