Хенри Кавил повторно како „Супермен“

По кусото појавување како „Супермен“ во суперхеројскиот филм „Црниот Адам“, Хенри Кавил на Инстаграм потврди дека се враќа во својот црвено-син костим.

 

 

– Сакав да почекам да заврши викендот пред да го објавам ова, затоа што сакав да ви дадам можност сите да го гледате ‘Блек Адам’. Но, сега кога сите сте тука, сакам ова да биде и официјално – се враќам како Супермен, соопшти британскиот глумец.

 

 

Кавил им се заблагодари на обожавателите за поддршката и трпението, додавајќи дека тоа ќе биде наградено.

Тој го толкуваше „Човекот од челик“ во истоимениот филм од 2013 година, па во „Бетмен против Супермен“ од 2016., „Лигата на правдата“ од 2017., како и во проширената, „маратонска“ верзија на последниот филм, издаден 2021 година.

ПОСЛЕДНИ

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда…На почетокот на сезоната 2005/06, кога црвено-белите започнаа целосна реконструкција со нов претседател...

15-годишно девојче силувано во Делчево

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека силувал малолетничка.Во координација со Јавен...

Полицијата го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје...

Маричиќ: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по...