Хасановиќ: Отворен Балкан не е алтернатива на Берлинскиот процес!

Германскиот канцелар Олоф Шолц повторно ќе го започне Самитот во Берлин за Западен Балкан на 3 ноември. Лидерите на шесте земји од Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) се очекува да склучат договори за Слободното движење со лични карти, признавање на академски квалификации и професионални квалификации. Потпишувањето на овие договори ќе означи револуционерно обновување на Берлинскиот процес, како и поттик за една од неговите најитните иницијативи – Регионалниот заеднички пазар.

Од друга страна, иницијативата Отворен Балкан, која е продолжение на балканскиот мини-шенген, и беше претставена во Нови Сад, Србија на 10 октомври 2019 година, од лидерите на Србија, Северна Македонија и Албанија, во која Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора не се дел од неа, се ангажирана за исти или слични цели како оние на Берлинскиот процес.

Гледано во смисла на моќ и политичко влијание за реализација на своите цели како иницијатива, Берлинскиот процес има поголема тежина од Отворениот Балкан. Но, што треба да избере Северна Македонија?

Емир Хасановиќ

Емир Хасановиќ, аналитичар за безбедност и меѓународни односи за „Локално“ вели дека двете иницијативи не се во контрадикција бидејќи Отворен Балкан не се претставува како алтернатива на Берлинскиот процес.

– Не мислам дека во овој момент едното го исклучува другото, двете иницијативи не се во контрадикција, бидејќи Отворен Балкан не се претставува како алтернатива на Берлинскиот процес. Пред се мора да се направи анализа на она што е поисплатливо бидејќи регионалните инцијативи изискуваат ресурси, енергија, човечки капацитети и да се заклучи кои се предностите и недостстоицте. Прашањето е каде има повеќе фондови, можности, конкретни проекти, конкретна стратегија и постоечка административна инфраструктура пред се. Познато е дека нашите административни капацитети се огрсничени и мора мудро да ги ползуваме. Доколку некаде има повеќе поволности, тогаш таму треба да биде вложен нашиот труд, енергија и фокус со цел да се исплати повеќе за секојдневниот живот на просечниот граѓанин, изјави Хасановиќ.

Според него, владата и надлежните институции треба да претстават план за тоа што планираат да постигнат со двете иницијативи, дали има преклопување и на кој начин ќе се имплемнетираат поставените цели на краток, среден и долг рок.

Берлинскиот процес го започна поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во 2014 година. Форматот беше замислен како чекор кон приближување на шесте земји од регионот кон ЕУ.

Голем дел од договореното на состанокот во Берлин се заговара уште од почетоците на процесот, но недоразбирањата меѓу земјите во регионот, пред сѐ меѓу Србија и Косово, ја блокираа подлабоката соработка. Три земји од регионот, Северна Македонија, Србија и Албанија во меѓувреме започнаа паралелна иницијатива за регионална поврзување наречена Отворен Балкан.

Д.Ј.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...