- Како што се гледа на видео снимката која се споделува на социјалните мрежи, додека Харис пее, негов обожавател од публика се качува на бината, вади банкноти и очигледно ,,погоден,, од песната, се обидува да му ги залепи на пејачот.
Изненаден од постапката и храброста на мажот кој пред сите присутни на концертот се обидуваше да му ги даде парите, Харис неколкупати го оттурна, по што се сврте и се тргна од него.
Додека траеше обидот за лепење на бакшиш, обезбедувањето не се појави на сцена, па Џиновиќ самиот се справи со еуфоричниот обожавател.
Инаку, музичарот овој период е чест гостин во земјава, а во септември, покрај Горан Бреговиќ, ќе биде една од главните музички ѕвезди на Тиквешки гроздобер во Кавадарци. Видео: https://www.facebook.com/seriizabava/