Манчестер сити славеше со 6-3 против Манчестер јунајтед во осмото коло од англиската Премиерлига, при што хет-трик постигнаа Ерлинг Халанд и Фил Фоден.

Халанд стигна до третиот хет-трик по ред во англиската Премиерлига и така испиша историја во најсилената лига.

Менаџерот Пеп Гвардиола беше презадоволен и одлучи да се пошегува со голгетерот.

„Му кажав да им даде пет гола. Тој точно знае што да прави на теренот“, изјави Гвардиола.

„Самодовербата ми е на високо ниво. Го загубивме второто полувреме и тоа воопшто не е добро, но сепак мислам дека можевме да постигнеме повеќе голови“, изјави Халанд.

Коментари