Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби објави дека денес преку Бирото за регионален развој , со средства што ги издвојува Владата, се доделени 18 милиони денари на општина Сарај за реализација на три значајни проекти за граѓаните на оваа општина.
„Приоритет на Владата во овој мандат е токму развојот на општините во земјата“, истакна Груби.
Ќе се реализираат три значани проекти за граѓаните на оваа општина како што е  Договорот за снабдување на општинското претпријатие со 2 камиони за смет во вредност од 7.000.000 денари, Договорот за снабдување на општинското претпријатие со 1 камион чистач во вредност од 6.313.000 денари и Договорот за втората фаза од асфалтирањето на патниот правец Герчец – Горни Герчец во вредност од 5.000.000 денари.
„Нема да застанеме тука бидејќи исто ќе го продолжиме во сите општини во државата, за максимално достоинствен живот“, истакна Груби.