Владата на денешната седница одлучи да издвои 30 милиони денари за реконструкција на спортската сала “Јанчица” во општина Кичево.

Овој капитален проект ќе се реализира како дел од програмата за поддршка на проекти во локалната самоуправа преку Агенцијата за млади и спорт.

„Капиталните проекти за граѓаните ги ставаме во прв фокус со цел новите генерации да имаат подобар квалитетен живот“, соопшти првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.