Зборувајќи за патот на земјата кон интеграција во Европската унија и вклучувањето на Алијанса за албанците во Владата, Груби истакна дека со Алијанса на албанците ќе и дадеме европска иднина на државата. Интегрирана држава во ЕУ, како што ја интегриравме државата во НАТО. Земја во која има правна држава, каде има ветинг, каде има закони и правила. Aлијанса за албанците ќе ги поддржи овие критериуми и напори.
„ДУИ не се пазари со министри и директори, туку зборуваме за идеи. Ако има капацитети, најмалку е проблематична поделбата на власта. ДУИ има за цел да ги направи просперитетни земјата и граѓанинте“, истакна Груби во вчераното теливизиско гостување во Клан.м.
Груби понатаму додаде дека за промена на Уставот се потребни 80 гласа.
Парламентарното мнозинство е стабилно со 64 гласа за парламентарното мнозинство од вкупно 120. Мнозинството не е загрозено и да нема проширување на коалицијата, зборуваме за изградба на проевропски фронт. За реализација на проевропскиот фронт ни се потребни 80 гласа. Ова не е доволно, туку се потребни и БЕСА и ВМРО, бидејќи ценам дека таму има и пратеници кои ќе ја поддржат интеграцијата на земјата во ЕУ“.
Треба да отвориме дебата со граѓанското општество, медиумите, правните факултети, политичките партии за да видиме што треба да се смени во Уставот, објаснува понатаму Груби.
Уставот често е извор на криза за некои прашања, Уставниот суд мора да има закон за Уставниот суд. Мора да отвориме дебата со граѓанското општество, медиумите, правните факултети, политичките партии за да видиме што треба да се смени во Уставот. Јас сум поддржувач на таква дебата и сум разговарал на оваа тема во коалицијата. Треба да има Устав за еднаквост кој ќе одговара на 2022 година“, кажа Груби.