Ден пред почетокот на новата учебна година Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,  Артан Груби придружуван од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и  заменик директорот на Царинската управа Мухарем Асани денеска го посетија новоизграденото училиште во село Блаце.
„Со министерот за образование и наука Јетон Шаќири и заменик директорот на Царинската управа Мухарем Асани работниот ден го продолживме во просториите на новото изградено училиште во населба Барди во село Блаце.
Задоволство беше да се види ентузијазмот на децата и родителите кои со нетрпение ја очекуваа реализацијата на овој проект.
Нека им е со среќа новото гнездо на знаење на родителите и децата од овој крај!“, напиша Груби на социјалните мрежи.