„Вистински предизвик во текот на оваа година беше донесувањето на Законот за служба во Армијата, кој е договорен со сите четири синдикати, бидејќи го цениме човечкиот капитал.Како земја членка на НАТО, припадниците на Aрмијата заслужуваат подобри услови, достоинствена поддршка и современа воена опрема“, истакна Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Со новиот Закон за служба во Армијата за војниците предвидено е  100% исплата на боледување,поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критични специјалности, право на плаќање на станови, предвидено е пензионирање со 40 години работен стаж, 38 за жени без оглед на возраста како и исплата за заминување од службата како 45-годишници, 1000 евра за секоја година во службата.