Ден пред почетокот на учебната година Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,  Артан Груби придружуван од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска изврши увид во градежните активности на основното училиште во населбата Визбегво.

Груби истакна дека се исполнува едно големо ветување!

Тој најави дека работниот процес значително напредувал и дека ова барање на жителите од овој крај наскоро ќе се реализира.

„Во пресрет на почетокот на новата учебна година, со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, заменик директорот на Царинската управа, Мухарем Асани и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски извршивме непосреден надзор над процесот на изградба на основното училиште во населба Визбегово.
Работниот процес значително напредувал според предвидената динамика и со посветеноста на сите, ова барање на жителите на оваа населба наскоро ќе стане реалност.“, напиша Груби.