Првиот потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, Артан Груби, во вчерашното гостување студиото во емисијата „Opinion“ на КланТв го образложи заедничкиот договор на албанската и македонската влада за промена на граничниот премин „Ќафасан“.
За промена на граничниот премин „Ќафасан“, денеска потпишавме меморандум, ќе формираме наши тимови, да го преместиме граничниот премин до мостот Буштрица“, истакна вицепремиерот, Груби.
Вицепремиерката на Република Албанија, Белинда Балуку објасни дека со оваа инвестиција се избегнат сите проблеми и тешкотии на „Ќафасан“.
„Вака го отстрануваме целиот дел од Ќафасан со сите проблеми што ги имаме, направивме долински пристап. Принципите се дека од 1.100 метри во Ќафасан се спуштаме во долина од 400 метри, бидејќи во спротивно македонската страна ќе треба да излезе со тунел“, рече Балуку. / Opinion.al