Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заедно со премиерот Ковачевски, денеска остварија средба со претседателката на Словачка, Зузана Чапутова.
Груби истакна дека со Чапутова разговарале за односите меѓу двете земји и за искуствата од процесот за членство во Европската унија, НАТО алијансата и енергетските и безбедносните предизвици.
Меѓу другото, Груби истакна дека со Чапутова разговарале и за економската и енергетската криза и мерките преземени за нивно надминување.
„Заедно со премиерот Ковачевски денеска ја пречекавме во официјална посета претседателката на Република Словачка, Зузана Чапутова.
Разговаравме за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Словачка, искуствата од процесот за членство во Европската унија, НАТО алијансата, енергетските и безбедносните предизвици во регионот и пошироко, вклучително и руската агресија врз Украина.
И се заблагодаривме на претседателката Чапутова за поддршката на патот кон европската интеграција бидејќи добрите дела не се прават без пријатели, нагласувајќи дека пристапниот процес на нашата земја започна во малку критичен момент за европската безбедносна архитектура, изразивме очекување од земјите од европското семејство за подинамичен пристап кон проширувањето на ЕУ.
На оваа средба се разговараше за економската и енергетската криза и мерките што се преземаат за нејзино надминување, бидејќи цела Европа ќе има тешка зима поради нарушената безбедност од војната во Украина.“. напишаГруби.