Скопје, 5 декември – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес се сретна со новата амбасадорка на Соединетите Американски Држави, г-ѓа Ангела Агелер, на која и посака успешно враќање во нашата земја во новата дипломатска мисија.

Груби и Агелер на оваа средба разговараа за потребата од уставните измени, интеграцијата на земјата во Европската Унија, реформите во земјата, политичката ситуација и процесот на ветинг.

Уставните измени се оценети од посебно значење поради тоа што се услов за продолжување на европскиот пат. На средбата беше проценето дека земјава нема време за губење.

Понатамошната интеграција на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилност и просперитет во овој дел од Европа, а САД, како сојузник на Северна Македонија, продолжуваат да ја даваат поддршката за завршување на интегративниот процес.

Секој успех на нашата земја е постигнат во соработка со Соединетите Американски Држави.

Функционирањето на владината коалиција беше оценето како квалитативно, а Груби истакна дека европскиот пат бара еден заеднички фронт на сите прогресивни сили, додека САД остануваат силно посветени на поддршката на Република Северна Македонија на патот кон реформите за да се овозможи функционална и стабилна демократија.

На средбата се разговараше и за предлогот за ветинг кој треба да ги опфати сите, од политичките личности, судиите и обвинителите,како форма на борба против корупцијата и акција која гарантира суштинска контрола на функционерите пред да бидат избрани на функцијата.

Груби изрази благодарност за американската помош и поддршка за еднаквост, демократија и интеграција на нашата земја во последните три децении.