Првиот потпредседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби , заедно со лидерот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети, премиерот Ковачевски и останатите владини преставници, денеска присуствуваа на ставањето камен-темелник на фабриката за производство на електрични возила e.GO на денот на годишнината од Охридскиот мировен договор.
„Заедно со претседателот Али Ахмети, премиерот Ковачевски, познатиот бизнисмен Лазим Дестани и колегите министри го поставивме денес камен-темелникот на фабриката за производство на електрични возила e.GO во Слободната економска зона во Тетово.
Инвестиција од 130 милиони евра која ја има финансиската поддршка од Владата, која несомнено ќе ја стимулира иновативноста и продуктивноста на домашното производство и ќе овозможи отворање на 890 нови работни места.“- напиша Груби на социјалните мрежи.