Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заеднициете, Артан Груби во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24 изјави дека жали за изјавите на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ против премиер Албанец.

Груби додаде дека и покрај приговорите треба да има премиер Албанец и таа функција ќе ја даде претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети.
„Трагедија и жалење се изјавите на ВМРО-ДПМНЕ против премиер Албанец. Договорите треба да се почитуваат. Треба да има премиер Албанец. Целта ни е да се срушат табуата на предрасуди, во последните 100 дена да покажеме дека сме едно општество за сите.“, рече Груби.